Конференција
Примена и креирање на видео содржини за наставни цели
Еразмус+ проект „...And Action!“ (2022-1-MK01-KA220-SCH-000089397)
23 септември 2024 година, Скопје, С. Македонија
„Кинотека на Р.С. Македонија“ (ул.Никола Русински бр.1)
Агенда
12:30 - 13:00 Пријавување и добредојде
Пристигнување и регистрирање на учесниците, можност за запознавање.
13:00 – 13:30 Вовед
Воведно обраќање на домаќинот на конференцијата – кратка информација за целта и агендата на настанот, презентација на проектот „…And Action!” („…и Акција!“), неговите цели, партнери и временска рамка.
13:30 – 14:00 Излагање на проф. д-р Розалина Попова Коскарова (Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, УКИМ)
Потреба од креирање на видео содржини за едукативни цели
14:00 – 14:20 КАФЕ ПАУЗА
14:20 - 14:40 Излагање на Марија Џиџева (филмски режисер, обучувач во рамки на проектот „...And Action“)
„Стисни копче и – Акција!“
14:40 - 15:00 Излагање на м-р Александар Трајковски (виш филмолог, Кинотека на Р.С. Македонија)
Технички елементи на продукција на едукативно видео
15:00 - 15:40 Пауза за ручек
15:40 - 16:00 Излагање на м-р Селсебил Караагач (професор во ПСУ „Јахја Кемал“, учесник на обука во рамки на проектот „...And Action“)
Дигитализација на наставата, искуства, предности и позитивни страни
16:00 - 16:20 Излагање на м-р Игор Старделов (советник филмолог, Раководител на филмски архив, Кинотека на Р.С. Македонија)
Да се заштити и да се прикаже: прилози за развојот на филмската архивистика
16:20 - 16:40 Излагање на м-р Дамјана Патчева (виш филмолог, Кинотека на Р.С. Македонија)
Етапи на развој на проектот „…и Акција!“
16:40 – 17:00 Прашања и одговори
Говорници на конференцијата:
Проф.д-р Розалина Попова- Коскарова е родена во Кавадарци.
Своето факултетско образование го завршила на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет, Универзитет„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира во 1993 год, а во 2001 год. на Филозофскиот факултет во Скопје ја одбранила докторската дисертација со наслов: Теоретските проблеми во конципирањето на современото интелектуално воспитание и се стекнала со научен степен доктор на педагошки науки.
Универзитетската кариера ја започнува како асистент во 1996 год. на Педагошкиот факултет во Скопје, каде ги стекнува сите наставни звања: доцент, вонреден и редовен професор по предметите: Општа педагогија, Методика на воспитната работа, менаџмент во образованието и историја на педагошките идеи.
Учествувала на бројни научни собири, симпозиуми и конгреси во земјата и во старнство: Бугарија, Турција, Хрватска, Унгарија, Словачка и др.
Остварила три студиски престои во Шведска во траење од една недела до три месеци, преку кои активно се запознава со целокупниот шведски образовен систем и несебично ги пренесува тие искуства.
Автор е на учебниците: Вовед во педагогијата ( 2019) , Стратегии, моедли и техники за менаџирање со одделението или класот(2008) и Комуникација во туризмот(2007)
Како експерт по образование реалиизра многубројни обуки во училишта и градинки посебно на полето на воспитната проблематика. Во 2017 е избрана за член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, како претставник од владата на Р.Македонија
Од јуни 2023 г. ја извршува функцијата продекан за наука и меѓународна соработка на Педагошкиот факултет Св.Климент Охридски, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје.
Активно се служи со англиски, италијански и српски јазик.
Александар Трајковски е роден 1986 година во Скопје. Во 2011 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата за историја на уметност. Магистрирал на Катедрата за филмско производство на Универзитетот Европа Прима во 2022 година. Од 2013 година е вработен во Кинотека на Македонија како филмолог, задолжен за примање и обработка на филмови на дигитален медиум, како и а супервизор на проектите за дигитална реставрација на македонското филмско наследство. Во 2014 година, како ACE (Европска федерација на кинотеки) стипендист, учествуваше на Летната школа за Филмска реставрација во Болоња. Во 2015 година станува дел од уредничкиот одбор на филмскиот магазин Кинопис, каде што редовно пишува статии за филмска критика и филмска теорија. Активен е во областа на филмска продукција и организација, како продуцент на играни и документарни филмови, како и организатор на настани поврзани со презентација на филмската култура. Во 2017 година учествуваше во основањето на Здружението за развој и промоција на филмската култура и писменост, Кино Балкан Скопје, исто така како филмски фестивал на плажа, фестивал за нов европски филм. Во 2021 година го основа филмскиот фестивал за нем и класичен филм.
Дамјана Патчева е виш филмолог во Одделот за истражување, издаваштво, меѓународни односи и проекции при НУ Кинотека на Северна Македонија. Таа е магистер по компаративна книжевност и има обемна работа со филмски фестивали, изложби, настани и проекти за културното наследство и развој на публиката.
Во 2016 година, таа присуствуваше на Летната школа за реставрација на филмови на ФИАФ и беше дел од Лабораторијата за развој на иновации и публика за изложувачи организирана од Europa Cinemas во Севиља (2021) и Болоња (2022).
Од 2020 година во Кинотека на Северна Македонија таа е проектен координатор на СЕЗОНА НА КЛАСИЧНИ ФИЛМОВИ во Северна Македонија, проект чија цел е да привлече помлада публика да го сподели филмското културно наследство.
Работела на многу проекти за аналогна и дигитална реставрација на македонските филмови, како и промовирање на филмови со наследство насочени кон диверзификација на кино публиката.
Игор Старделов e rаководител на филмскиот архив во Кинотеката на Македонија
Роден е во Скопје на 22.09.1963 година, каде завршил основно и средно образование. Во 1986 година дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1999 година магистрирал на Институтот за филозофија со темата „Естетските аспекти на филмското творештво на браќата Манаки“. Во 2003 година излезе од печат книгата „Манаки“, која е резултат на неговото долгогодишно истражување на животот и делото на браќата Манаки.
Од 1988 година работи во Кинотека на Македонија на работното место филмолог. Во 1994 година поставен е за раководител на Одделот за документација, а во 1996 на филмскиот архив (Одделение за заштита на филмови и филмски материјали).
Покрај истражувањето на филмскиот опус на браќата Манаки, главен интерес му е истражувањето, откривањето, заштитата и презентацијата на филмовите и филмските материјали снимени во и за Македонија, од почетокот на ХХ век до крајот на Втората светска војна. Освен тоа, особен филмолошки интерес имам и во истражувањето и валоризирањето на македонскиот документарен филм.
Објавил повеќе 40 трудови од областа на историјата и теоријата на филмот.
За време на неговиот работен ангажман во Кинотеката има престојувано во повеќе филмски архиви и Кинотеки во Европа, како и на неколку специјализирани семинари, симпозиуми и фестивали (Лондон, Кобленц, Букурешт, Будимпешта, Софија, Париз, Белград…). Во 2002 година бил учесник на Летната филмска школа во организација на ФИАФ, во Рочестер и Дејтон, САД.
Селсебил Караагач е професор по информатика – магистер по одделенска настава.
– Наставник по клуб роботик
– Наставник по клуб програмирање
Марија Џиџева е филмски режисер и сценарист. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Скопје на македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а на Факултетот за драмски уметности дипломирала филмска и ТВ режија. Автор е на неколку наградувани филмови, меѓу кои „Мис Амнезија“, „Список на Тони Манџа“, „Погледни го животот низ моите очи“, „Потрага по среќа“, „Некои други приказни“ и „Втора шанса “. Покрај нејзината филмска кариера, таа е и активен филмски едукатор. Работела како професор по филмска режија и документарен филм на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во 2019 година соработуваше со Кинотека на Македонија. Има креирано и реализирано различни едукативни програми и работилници за филмска писменост, во соработка со филмски фестивали (Џифони Македонија, ИФФК Браќа Манаки Битола, Киненова, Ромски филмски фестивал…)